Press "Enter" to skip to content

Студенти од Славјанскиот универзитет го реализираа проектот “Чекориме заедно“

Во просториите на Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух говор глас и други проблеми во развојот„Кочо Рацин“ во Битола, студенти од Меѓународниот Славјански Универзитет “Гаврило Романович Державин“ го реализираа проектот “Чекориме заедно“. Натали  Здравеска, студент на факултетот за пихологија, при овој Универзитет која е дел од организацијата на проектот за идеја и за реализација на истиот рече:-Ова го реализираме затоа што сеуште во главата ми ѕунат зборовите на едно дете со посебни потреби, кое одржа говор за неговите чувства и ме остави без зборови, а со солзи во очите рече: Зарем вие не мислите дека и ние сме луѓе како вас? Зарем не сметате дека нема потреба да не казнувате веќе кога природата го сторила тоа доволно? Со секој ваш чуден поглед исполнет со сожалување и презир вие ми отварате една длабока рана во срцето, а тоа е веќе цело прекриено со лузни и милион гребнатинки кои многу болат. Се надевам и барам добар збор и човек кој нема да ме презира и кај кој тие прашања нема да бидат секојдневие. Еднаш не го задржувајте погледот на мене и ве молам прифатете ме како обичен човек! –рече детето и ја напушти говорницата.-Затоа што вашите лица на некои му изгледаат поинаку, но не и нас,како и нашата љубов кон вас е иста,секогаш иста за се. А,вашето срце сега кога мислите дека ќе ви избега од градите секогаш ќе биде дел од нашите срца, вашата радост која блеска и ја маѓепсува оваа мала просторија е и на наша радост и затоа сме тука пак заедно,чекор по чекор до нашата цел. Заради вас сме дел од овој проект,јас и мојата колешка Натали кои одлучивме овој ден да го поминиме со вас, додаде Здравко Ставров, исто така студент по психологија.Сите штитеници на Заводот „Кочо Рацин“ во рамките на проектот добија прибор за цртање и заедно со студентите по психологија изработија детски цртежи.

Додека децата и студентите цртаа за нив пееше и ги забавуваше познатата ѕвезда Ристе Ристески.Овој проект, оваа идеја е една мала приказна со големо значење од неколку часа посветена на љубовта и разликите на децата кои често не се прифатени. И да тоа дете е целосно во право и жалосно е што се дозволува некој да се чувствува понижено и поттурнато, а за тоа нема потреба. Секој пат кога ќе сретнете таква личност, несмевнете и се, затоа што можеби баш таа насмевка и е единствена светилка во животот, беше речено при реализацијата на проектот, а сите учесници рекоа дека тука се за да си разубавиме еден дел од нашиот живот, да се дружиме, почитуваме, сакаме, забавуваме, запознаваме и играме. Тука сме да покажеме и докажеме дека само чекорејќи заедно можеме да успееме и сите во еден глас и со ист чекор да ја пробудиме свеста кај луѓето за љубов и еднаквост, беше речено при реализацијата на проектот.

С.Ристевски