Проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во Северна Македонија“ (REU MKD) објавува оглас за инженер за поддршка на проектните активности, со фокус на намалување на неприходуваната вода и подобрување на енергетската ефикасност во системите за водоснабдување и отпадни води.
-Место на ангажман – едно од јавните комунални претпријатија во Берово, Битола, Кочани, Куманово, Радовиш, Струмица или Виница.
-Времетраење – привремен ангажман од 24 месеци, со обновување на договорот на секои шест месеци.
-Известување – до координаторите на проектните компоненти на REU MKD.
Кој може да се пријави?
Кандидати до 30 години кои исполнуваат најмалку еден од следниве услови:
-Запишани се на магистерски студии на технички факултет.
-Студираат во завршна година на технички факултет.
-Дипломирале во последните две години во областа на инженерството за животна средина, електротехниката, машинството, градежништвото или друга соодветна инженерска област.
Потребни знаења и вештини
-Прибирање, обработка, анализа и толкување на податоци, како и подготовка на техничка документација, извештаи и презентации.
-Добро познавање на Excel, Word, PowerPoint и други соодветни алатки за обработка на податоци.
-Одлично познавање на македонскиот јазик и познавање на англискиот јазик најмалку на ниво Б2, писмено и усно.
-Иницијативност, добри комуникациски вештини, работа во мултидисциплинарен тим, организирање на задачите според приоритет и почитување на роковите.
-Подготвеност за теренска работа, техничка обука и размена на искуства, за примена на нови методи и техники на мерење и за постепено преземање одговорности под водство на искусни експерти.
-Основното познавање на водоснабдувањето, системите за отпадни води, енергетската ефикасност или сродни инженерски области е предност.
Што опфаќа ангажманот?
Избраниот кандидат ќе работи со проектните координатори, техничкиот персонал на претпријатијата и домашните и меѓународните експерти на консултантот за спроведување на проектот. Активностите опфаќаат управување со загубите на вода, пресметка на воден биланс, енергетски прегледи, подготовка и спроведување технички мерки, прибирање податоци, анкети и кампањи за подигање на јавната свест.
Ангажманот нуди практична обука на работното место и менторство од македонски и швајцарски експерти, учество на работилници и размена на искуства, како и можност за професионален развој во секторите за вода и енергија. Предвидени се чести теренски посети во подрачјето на доделеното претпријатие и повремени патувања до други претпријатија учесници и до Скопје.
Како да се пријавите?
Испратете ажурирано CV, мотивациско писмо во кое ќе ги наведете причините за пријавување и вашите релевантни квалификации, како и копии од соодветни дипломи, сертификати или потврда за тековни студии. По избор можете да доставите и контакт од лице за препорака.
Е-пошта – reu.mkd@gmail.com
Предмет на е-поштата – Application – Име Презиме – посакувана локација
Рок за пријавување – 1 декември 2026 година до 23:59 часот
На интервју ќе бидат повикани само кандидатите што ќе влезат во потесниот избор.
Вода, енергија, ефикасност! За нашиот град, за нашата иднина!






