На 27.02.2018 година, со почеток во 12 часот, во организација на Правната клиника на Правниот факултет во Битола, се одржа трибина на тема: „Казнено – правна одговорност на здравствените работници“ на која гости ни беа средношколците и нивните наставници од ОСМУ „Др. Јован Калаузи“ – Битола.
На трибината свои излагања за Медицинската етика, Лекарската грешка, Лекарската тајна и Евтаназијата имаа асс. м-р Ивона Шушак, доц. д-р Ангелина Станојоска и доц. д-р Никола Тунтевски.






