Press "Enter" to skip to content

Амбасадорот на Русија, Шчербак, на Славјански, ја отвори изложбата “Русите во Македонија“ (фотогалерија)

Вечерва во просториите на Меѓународниот славјански универзитет “Гаврило Романович Державин“ во Битола свечено беше отворена изложбата “Русите во Македонија (1920-1940 година)“, а неа ја отвори амбасадорот на Руската федерација во Република Македонија, Олег Шчербак.

Амбасадорот Шчербак на отворањето на изложбата пред околу стотина присутни ја нагласи важноста на овој период за руската емиграција, но и за жителите на Битола во тој период.-За нас, Русите, Битола е многу важно место каде што беа дојдени илјадници руски доселеници кои што беа принудени да ја напуштат својата татковина по Револуцијата во 1917 година, кои дочекаа многу топол прием од македонскиот народ во Битола. Русите секогаш одговараат со добро на добро. Оние луѓе кои беа дојдени тука во Битола со својот труд и вредна работа се заблагодарија за приемот. Руските инжинери, наставници, професори, лекари, многу придонесоа за развојот на Битола во 20-те и 30-те години на дваесеттиот век, изјави амбасадорот на Русија во Македонија, Олег Шчербак, кој додаде дека овој период не доволно истражен и се надева дека во некое не така многу идно време ќе биде во сферата на научните кругови.

За изложбата зборуваше и сопственикот на Меѓународниот славјански универзитет “Гаврило Романович Державин“, Јордан Ѓорчев кој рече:

-Оваа изложба можеби не требаше да го носи името изложба, бидејќи тоа не е класична изложба туку е збир на историски настани и судбини на руски иселеници кои се доселиле тука во дваесеттите години на минатиот век. Се надевам дека оваа изложба ќе привлече многу битолчани, а некој од нив ќе се заинтересира за некои лочности од тој период и додаде дека изложбата ќе биде отворена во наредните десeтина дена.Свои мислење за изложбата имаше и проф. д-р Александар Стерјовски кој мошне емотивно зборуваше за тој период кој го има опишано и во својата книга за руската емиграција.

-Иако книгата е напишана пред 15 во 2003 година јас немам храброст, јас како автор да ја прочитам поради емотивните приказни кои за некои личности од руската емиграција од тој период. Тука посебно би го нагласил уметникот Мелников кој во Битола отвори атејле и низ неговата руска школа поминале голем број на битолчани. Би споменал и други личности кои оставиле трага во Битола на свој начин, рече Стерјовски.

На отворањето беа изведени и црковни песни кои ги изведе црковен хор од Битола.

Текст и фото: Сашо Ристевски

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.