Фестивал на филмската камера во Битола “Браќа Манаки“, кој се отвори вечерва по 47. пат по ред, како и секој филсмки фестивал, секако покрај наградите, е познат и по црвениот тепих, кој беше поставен пред Центарот за култура во Битола.
Пред свеченото отворање на фестивалот на црвениот тепих поминаа добитникот покровител на ИФФК „Браќа Манаки“, Силјановска Давкова, Јануш Камински добитникот на Златна камера 300 за животно дело во 2020 година, директорот на фестивалот Димитрија Доксевски, спонзорите…

На црвениот тепих помина и жирито на фестивалот, дел од актерите на филмот кој премиерно се прикажа во Битола, добитникот на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ – актерот Петар Арсовски, Џеф Кроненвет добитник на наградата Специјална Златна камера 300 за особен придонес во светската уметност, Дан Лаустсен добитник на Специјалната Златна камера 300 за животно дело…
По црвениот тепих поминаа и политичари, министри и пратеници, градоначалници, бизнисмени, актери, режисери, директори, професори, почесни конзули…
Филмот создава магија пред која зборовите исчезнуваат. Седум дена фестивал уметници од сите меридијани ќе чекорат низ Битола, градот што овие ноќи ќе сонува низ светлината и сенката на платното.
Низ мега фотогалерија ќе ви пренесеме дел од гостите и публиката кои помина вечерва по црвениот тепих во Битола.
Фото: Дамијана Ристевска
Линк за фотогалерија:
https://www.facebook.com/photo/?fbid=1717368250101994&set=pcb.1717372610101558








