Правниот факултет продолжува со организирање на трибини за средношколците од Битола. Откако минатата седмица на трибина за одговорноста на здравствените работници беа средношколците од средното медицинско училиште, трибина се одржа и за средношколците од Средното економско училиште.
Трибината, посветена на идните економисти, на правниот факултет во Битола се одржа на тема: „Бидете промената која сакате да ја видите”, посветена на социјалното претприемништво, при што на присутните средношколци од Средното економско училиште во Битола, но и студентите, им беше објаснет концептот на истото.
Исто така, следеше работилница на која се генерираа идеи за надминување на социјалните проблеми.
На трибината свое предавање имаше доц. д-р Елизабета Тошева.






