Press "Enter" to skip to content

Општина Битола објави Јавен повик за учество во програмата на „БИТ ФЕСТ 2018“

Општина Битола, оваа година го организира дванаесеттото издание на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“ кое ќе трае од 21 јуни до 28 август, а денес го објави јавниот повик за кофинансирање на манифестации и проекти од областа на културата.

Заинтересираните страни можат да се јават на јавниот повик и да понудат проекти од: музичко и музичко – сценска уметност, театар, ликовна уметност, видео, фото, филмска  уметност, литература,  фолклор како и нови уметности.

Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани субјекти, физички лица, правни лица, здруженија на граѓани и владини и невладини организации од областа на културата.

Во јавниот повик се образложени и критериумите за конкурирање и оценување на проектите во кои е наведено дека: проектот/програма/активност носи 30 бода, биографија или портфолио на субјектот (реализирани проекти) – 20 бода и степенот на влијание на проектот врз квалитетот на културниот живот на заедницата – 10 бода.

Максималниот износ за кофинансирање на трошоците по проект од страна на Општина Битола изнесува 60% од вкупната вредност на проектот.

Понудите за учество во програмата на „БИТ ФЕСТ 2018“ ги очекуваме најдоцна до 13.04.2018.

More from КултураMore posts in Култура »