Press "Enter" to skip to content

УКЛО по повод патрониот празник го објави традиционалниот конкурс за ораторство

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, во пресрет на Денот на основањето на УКЛО, на 24 април 2018 година, по трет пат организира натпревар во ораторство, за студентите од сите единици на Универзитетот на тема,  Quo vadis, студенту?  Правата на студентите во 21 – от век!

УКЛО ТРИВИУМ е одлична можност студентите да ги подобруваат вештините за јавно говорење, аргументирано и структурирано изразување. Конкурсот е отворен до 30 март 2018 година, а објавени се и пропозициите за пријавување:-Секој учесник треба да го ограничи својот говор на максимум 5 минути. Долна граница нема,

-Говорите коишто ќе се интепретираат треба да бидат оргинални и претходно необјавувани,

-Задолжителни компоненти на говорот: Вовед (10-20 проценти од целиот говор); Разработка на говорот (најдолгиот и најважниот дел на говорот) и Заклучок (5-10 проценти од целиот говор); Текстот на треба да содржи повеќе од 10% цитати.

На конкурсот може да учествуваат студенти запишани на прв, втор или трет циклус на студии при УКЛО – Битола, а говорите треба да се испратат по електронски пат со назнака дека се праќаат за ораторскиот натпревар на следната електронска адреса oratorstvo2018@uklo.edu.mk, до 30 март, а најдобрите оратори ќе бидат наградени.

 
More from КултураMore posts in Култура »