Press "Enter" to skip to content

Деца од ОУ “Даме Груев“ и “Ѓорги Сугарев“ го одбележаа Светскиот ден на водата

Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“  и ОУ „Даме Груев“ го одбележаа  22-ри март Светскиот ден на водата, со поставување на упатства за рационално корисење на водата, електричната енергија, за одржување на хигиената во зградата и зеленилото во дворот… на соодветни места во просториите низ Библиотеката.

Покрај учениците од ОУ “Даме Груев“ во активноста се вклучија и учениците од ОУ “Ѓорги Сугарев“.-Водата е скапоцена затоа што без неа нема да постои живот. И покрај тоа што изгледа дека на планетата Земја вода има во изобилство, факт е дека само помалку од 1% од водата на земјата е употреблива за пиење. До средината на овој век дури седум милијарди луѓе ќе бидат соочени со недостиг на вода бидејќи бројот на жители на Земјата расте, а водените ресурси се намалуваат – алармираат експертите. Помалку од 1% од водата на земјата е употреблива за пиење. Како што расте бројот на населението во светот, се зголемуваат и потребите од вода за пиење. До 2025 година две третини од човештвото ќе почувствува сериозен недостиг на вода, предупредуваат експертите од Обединетите Нации, беше кажани денес на одбележувањето на Денот на водата. Според најцрните прогнози се приближуваме до периодот кога ќе се војува поради питка вода бидејќи дури над една милијарда луѓе нема пристап до здрава вода за пиење, 2.5 милијарди немаат соодветен водовод и канализација, а секоја година поради недостиг на вода умираат 1,6 милиони луѓе, беше речено на одбележувањето на денот на водата и беше додадено дека:

-Доколку сакаме сите да уживаме во нашите скапоцени резерви, мора да бидеме повнимателни како ги користиме.

Ф.Б.Аземовска

More from ВестиMore posts in Вести »