Џокер – Пелистер 93:84

Третата четвртина која убедливо ја загуби со 27:9, го реши натпреварот.
Пелистер одлично, Антоан за седум минути стигна до осум поени без промашување, а “пелистерци“ имаа седум поени предност, но Џокер умешно се враќаше. 
Првата четвртина заврши со предност на Пелистер од 26:30. Џокер во втората четвртина се врати, за момент го презеде водството, а Пелистер на одмор да замине со предност од 49:53.
Почетокот на второто полувреме го реши натпреварот. Домаќините набрзина дојдоа до предност од двоцифрени 66:56. Третата четвртина заврши со 76:62, но македонскиот првак не се откажа, успевајќи да намали на 83-78 на нешто повеќе од четири минути до крајот, принудувајќи го домашниот тренер на тајмаут.
Таа минута одмор повторно го сврте мечотво корист на домашниот тим, кој ја врати двоцифрената позитива (88-78) и на крајот славеше со конечни 93-84.

Антоан беше најефикасен кај Пелистер со 18 поени, Мишковиќ постигна 17 поени, додека Александар Костоски го заврши мечот со 16 поени.
Од Сомбор, Сашо Ристевски











