Press "Enter" to skip to content

Каролина со албумот “Извор“, вечерва, целосно и се предаде на битолчани (фотогалерија)

Поп дивата, битолчанката Каролина, пред битолчани во преполната Голема сала на Центарот за култура во Битола, ја одржа концертната промоција на новиот албум со наслов „Извор“ кој е во издание на “Авалон продукција“.

Каролина за време на концертот, кога заедно во битолчани ги пееше најголемиот дел од песните од новиот албум “Извор“ и некои постари песни, секаде е убаво, но дома секогаш е најубаво.Овој концерт беше првиот од најавените два концерти за кои Каролина рече дека тој е резултат на барањата на битолчани тука да има концерт, преку пораките кои ги добивала.

Концертот траеше повеќе од два часа, а на бината, заедно со Каролина имаше доста музичари,  а имаше и музичари од Битола.Концертот, технички, во организација на “Авалон“ продукција на сцената имаше совршено издание, а тоа го заслужи новиот албум на Каролина кој го направи Николче, а вечерва докажаа дека двајцата, имаат  направено супер албум, чии песни долго време ќе се слушаат и пеат.

По првиот концерт, утре следува и вториот за кој има уште влезници, а со секој купен билет следува подарок, луксузно диги-пак издание од новиот албум “Извор”.Текст и фото: Сашо Ристевски

 

 

More from КултураMore posts in Култура »