Press "Enter" to skip to content

“Кафичите“ по Широк Сокак сменаа на летна шема на првиот, вистински, пролетен ден, (фотогалерија)

По тмурниот март кога битолчани, особено во вториот дел, не ги почуствуваа благодетите на пролетното време, туку повеќе уживаа во “зимските радост“ проследени со снег, лапавица, минусни темпрератури… денес го имаа првиот, вистински, пролетен ден.

По убавиот топол ден кога температурата во сенка беше на највисоки 16 степени целзиусови, а на сонце беше прилично топло, битолчани беа раздвижени насекаде, низ Чаршпија, низ маалските населби, во гратскиот парк, но секако “најмногу народ“ имаше по Широк Сокак.

Таму, разбирливо кафулината во најголем број поради топлото време “свртија на лето“. Најголем дел денес ги тргнаа и ги немаше “досадните“ прегради на влезовите, ги тргнаа прозирните тенди, а битолчани, седнати на сонце, со кафе или друго, уживаа во убавиот пролетен ден.

Еве низ фото-галерија како изгледаше низ битолските “кафичи“ на Широк Сокак, кои работеа по летна шема, од “Кафе-кафе“ кај “Стаклената“, преку, “ГТ“, “Пијано“, “Портал“, “Пајтон“ па се “Јагода“ кај Офицерски.

С.Р.

More from БитолаMore posts in Битола »