Press "Enter" to skip to content

Модното студио “Империјал“ на најмалите им црташе маски во хуманитарна акција (фотогалерија)

Денес на плоштадот “Магнолија“ битолчани и останатите намерници беа пречекани од преубавата глетка на прекрасно уредената сценографија која го привлече вниманието и погледите на сите, а тоа беше местото каде што се одржуваше Првоаприлската хуманитарна акција која е организирана од “Империјал Студио“ од Битола.

-На првиот ден од месец Април со многу насмевки го славиме меѓународниот ден шегата и забавата, традиционално ВАШ “ИМПЕРИЈАЛ“ организира хуманитарна акција, а собраните средства ќе бидат наменети за лекување на  малата Христина Митревска која е единствена во Македонија со ретка болест.  Да ги нацртаме вашите омилени маски заедно да бидеме хумани за оние на кои најмногу им е потребно. Заедно со нас цела Битола да бидеме хумани бидејќи тоа го сакаме и можеме, беше напишано на “евентот“ со кој од ова модно студио ги поканија битолчани да бидат дел од оваа хуманитарна акција.

Акцијата беше организирана и со соработка со туристичката агенција “Бела Роза“ и “Caffee Shop“.

Фото: Дамјана Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »