Press "Enter" to skip to content

Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ (фотогалерија)

Свештениците од битолската црква “Св. Недела“ заедно со големиот број верници кои беа присутни, вечерва го извршија Христовото погребение, кое го симболизира погребот на Христос, по неговото умирање, распнат на Светиот крст.

Верниците се поклонија пред светата Плаштеница, а децата се провнаа под неа, оставија црвени јајца на масата и цвеќе.Свештениците уште еднаш во текот на службата ги нагласија Христовите страдања и погребот кој се одржа петокот, бидејќи саботата беше неработен ден. Дозволата за погреб ја дал Пилат, а фарисеите побарале стража на гробот на Христос, бидејќи тој најавил дека по три дена од смртта ќе воскресне.

Христос беше погребан во гробот, плочата запачетена, а пред неа беше поставена стража.

Исто така беше и најавено Христовото воксресение, а свештениците ги повикаа верниците на саботната утринска служба и на вечерната кога ќе биде соопштена најрадосната вест, дека Христос воскреснал.

Фото: С. Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »