Press "Enter" to skip to content

Свечено отворен осмиот меѓународен Велигденски кошаркарски турнир (фотогалерија)

Пред околу 1.000 љубители на кошарката во спортска сала “Младост“ беше отворен осмиот меѓународен Велигденски кошаркарски турнир во организација на на кошаркарскиот клуб Младост и Општина Битола, а потпомогнат од кошаркарскиот клуб Пелистер, Ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски и Сојузот на спортови.

Годинава турнирот е најмасовен меѓународен собир на млади кошаркари и кошаркарки во Битола и Република Македонија со околу 200 учесници, а во овие изминати осум години учествуваа 90 екипи со преку 1.200 учесници од Македонија, Хрватска, Црна Гора, Бугарија и Србија.Осмиот меѓународен Велигденски турнир  е собир на младите надежи од двете пријателски држави Македонија и Хрватска, со учество на 16 екипи во 4 старосни категории и тоа: момчиња родени 2003/2004 година, девојчиња родени 2003/2004 година, микс-девојчиња и момчиња родени 2005/2006 година и микс-девојчиња и момчиња родени 2006/2007 година.

Во рамките на турнирот  е и турнир за ветерани во машка конкуренција со учество на 6 екипи од Македонија, Република Хрватска и Република Србија.

Гости на свеченото отворање беа и Стерули Андоновски, Горан Вукадиновиќ и Димитар Секуловски првиот тренер во историјата на Младост.

Гостите ги поздрави Борче Корлевски, претседател на Комисијата за млади, спорт и рекреација при Советот на Општина Битола да ги поздрави присутните, а Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола го прогласи турнирот за отворен.Кошаркарскиот клуб Младост додели посебни признанија за посебен придонес во развојот на битолската кошарка, и тоа за: Валентин Груевски – претседател на Советот на Општина Битола, Борче Корлевски – претседател на Комисијата за млади, спорт и рекреација при Советот на Општина Битола, Димитар Секуловски, првиот тренер во историјата на Младост и  д-р Горан Цветановиќ, градоначалник на градот Лесковац, Србија.

Кошаркарскиот клуб Младот од Битола додели благодарници на  поранешни кошаркари, кошаркарки и на поранешни кошаркарски работници кои ја прославија битолската кошарка во минатото, Милко Лозановски, Никола Ивановски, Томе Недановски, Кузман Георгиевски, Марија Џидрова Чурлевска.

Во музичкиот дел на свеченото отворање настапи имаа и на членовите од Танцовиот спортски клуб “Стап-ап“ од Битола и членовите од Асоцијацијата за Фолклор “Плетенка“.

По свеченото отворање се одигра натпреварот помеѓу екипите на ветерани на Пелистер и Задар.

Текст и фото: Сашо Ристевски