Во преполната голема сала на Центарот за култура во Битола, беше одржан традиционалниот велигденски концерт на Ансамблот за народни песни и игри на Македонија “ТАНЕЦ“, во чии изведби во околу час и половина уживаа битолчани.
Програма која членовите на Ансамблот за народни песни и игри на Македонија “ТАНЕЦ“ го содржеше следните сплетови на македонски ора, а дел од нив беа поврзани со големиот христијански празник Велигден.Битолчани ги видоа и се воодушевуваа на изведбите на следните сплетови:
-Невестинско
-Чифте Чамче
-Лазаренки
-Осоговка
-Ај што дојде
-Сум се родил мераклија
-Ќа та крадам
-Копачка
-Шопска Петорка
-Тресеница- Фрагмент
– Пирин – Франгмент
-Велигденско оро
-Да сум бистра вода
-Сношти минав крај рајската градина
-На Мегдан.Покрај сплетовите на ора беа исполнетии вокални изведби од страна на членовите на “Танец“, а како солист се појави Сузана Спасовска.
Играорците и вокалните изведувачи беа следени од оркестартот на “Танец“ под водство Милан Завков, а беа исполенти и негови авторско дела.
С. Ристевски