Press "Enter" to skip to content

Вечерва свечено отворени реконструираните канцелариите на РК Пелистер (фотогалерија)

По подолг период откако беа вон употреба вечерва беа свечено отворени комплетно реконструираните клубски простории на ракометниот клуб Пелистер во присуство на сите актуелни ракометари, целата Управа на клубот, поранешни тренери и ракометари, директорите на јавни претријатија, политичари, поранешни членови на управите, навивачи, членови на првата “постава“ на “Чкембарите“, спортски новинари, фоторепортери и други гости.-Раководството на РК Пелистер сака да го врати сјајот на Пелистер кој беше ракометен бренд во Македонија, бившата држава Југославија и пошироко. Сакаме да го вратиме реномето на клубот, а тоа ќе го направиме со подобрување на условите за работа на ракометарите, а еден од тие чекори е и денешниот отворањето на клубските простории кои сакаме да бидат простории на сите кои го сакаат ракометот. Тука на едно место можат да се видат трофеите, медалите и другите одличја кои ги имаат освоено сите генерации на ракометари кои го носеле дресот на битолската спортска гордост РК Пелистер. Но, сакаме тука повторно на витрините на клубот да се најде место и за нови медали и пехари кои ќе ги освојуваат ракометарите на Пелистер. Сакам да напоменам дека за брзо време тука ќе се отвори и фан клуб, каде навивачите ќе можат да се снабдат со дресови и други производи со грбот на Пелистер, рече на отворањето на клубските простории, претседателот на бордот на директори на РК Пелистер, Васко Ковачевски.За уредувањето на клубските простории не е потрошен ниту еден денар од клубската каса, рече генералниот дитектор Сашо Шамбевски.

-Им благодариме на сите наши пријатели кои помогнаа да се средат просториите на клубот, секој во рамките на можностите и заедно сите да дојдеме до ова што го гледаме вечерва. На сите кои помогнаа РК Пелистер ќе им даде благодарници за помошта. Сакаме овие простории да бидат врталиште на сите кои го сакаме Пелистер, а по секој натпревар оттука да ги испраќаме нашите ракометни ривали, рече Сашо Шамбевски.На ракометрите кои беа на свеченото отворање на просториите им се обрати спортскиот директор Златко Димитровски, кој им рече:

-На овие ѕидови има многу историја на овој клуб, иако не е се поставено, која секако ние треба да ја збогатиме. Имавме проблеми но се надевам дека полека излегуваме од нив и дека работите ќе се движат во насока каква сите посакуваме.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from СпортMore posts in Спорт »