Press "Enter" to skip to content

Конзули ветерани од Битола на Гран при турнир “Erima Tour“ во Крањска Гора, Словенија (фото)

Фудбалскиот клуб Конзули ветерани од Битола денес и утре играат на меѓународниот фудбалски турнир “Erima Tour“ кој е 7. по ред, а се одржува во Словенија, на терените во Крањска Гора. Овој пат, на 7. турнир 18 екипи и тоа од домаќинот Словенија, а има и од Македонија, Хрватска, Италија, Австрија, Србија и Босна и Херцеговина.

-Се надевам на добри резултати, иако поради зимата и обврските на сите помалку трениравме. Но, за нас, како и претходно кажуваме, не е тоа во прв план. Најважно е дружењето надвор од теренот, новите пријателства, вели Горан Кулевски, кој е задолжен за организацијата на екипата и патувањата.Покрај фудбалот и дружењето тимот на Конзули престојот во Словенија, на терените близу до легендарсната скијачка скокалница го оскористи и за нови пријателства и нови планови за како понатаму на овој значаен фудбалки турнир за ветерани, но и за посета на значајни културни и историски места во Словенија.

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »