Press "Enter" to skip to content

“Битола на точак – критична маса“ го прослави 4. роденден со 48 пати возење (фотогалерија)

“Битола на точак – критична маса“ со сечење на роденденска торта го прослави својот роденден по 4 години возење точак секој последен четврток во месецот по секакви временски услови, а честа да ја пресече роденденската торта ја имаше Љубица Ангелевска- Манговска, која заедно со околу 300 битолчани ја извози предвидената рута низ улиците на Битола.А, денес попладне точно во 18 часот велосипедистите тргнаа од пред ресторанот “Ауром“ на “Партизанска“, а сопствениците сите учесници ги наградија со “смути“ од јагода.

-Ова е 48 пат како ја возиме нашата редовна велосипедскатура низ Битола, а денес ме радува дека сме во толку голем број. Се надевам дека со оваа наша акција ќе се подогне свеста на сите учесници во сообрачајот за нас кои се движиме по улиците со велосипед. Сакаме заедно со “Критична маса“ низ неколку градови низ Македонија да дојдеме до некои решенија, а затоа мотото на денешното возење е “ПОДОБРИ ЗАКОНИ ЗА ПОУБАВИ ГРАДОВИ”.Настанот заврши пред во кафулето Аеро каде присутните беа освежени со ладен чај, за што сопственикот Никола Чобановски вели дека му е мило што е дел од една ваква убава акција и дека и во иднина ќе биде со велосипедистите.

За пријатната атмосфера се погрижија Contrudj / Zoki Conga, Dadoni Trumpet & Dj Mikar.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »