Press "Enter" to skip to content

Македонско научно друштво-Битола 58 години постоење ги прослави со издавање зборник

Со промоција на зборникот „Образование на крсопат“, Македонско научно друштво-Битола го одбележа денот на основањето и 58 години активна работа на Друштвото.

Според востановената традиција, МНД-Битола додели јавни благодарници, а наградата за научно-образовен придонес во работата на МНД-Битола годинава ја доби професорката Весна Мундишевска Велјановска, главен и одговорен уредник на списанието „Современи дијалози“, чиј издавач е МНД-Битола, а финансиски поддржано од Министерството за култура.Македонско научно друштво-Битола промовираше и зборник „Образование на крстопат“ на англиски јазик, трудови од 91 автор од Шпанија, Португалија, Полска, Словенија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и од Македонија.

Промоторот проф. Деан Илиев рече дека зборникот има 312 страници, рецензирани од 24 меѓународни рецензенти и претставува меѓународна научна пубикација, важна за професионалниот развој и кариерно напредување на наставниците на сите нивоа на образование.

– Зборникот на трудови покажува дека во Битола и регионов има стручен и научен потенцијал кој може да биде носител на промените во сферата на образованието. Зборникот има импакт врз квалитетот на научните и стручните знаења за образованието, учењето и поучувањето во Република Македонија. Значењето е поголемо поради времето на објавување кое се случува, односно време на промени во образовниот систем во Република Македонија, рече Илиев.Нагласи дека зборникот има и меѓународно значење, бидејќи со трудовите на автори од странство се вкрстуваат искуства, практики и решенија за состојбите во образованието во повеќе држави.

Меѓународната научна конференција и зборникот на трудови се поддржани од МАНУ, а наскоро ќе биде промовиран и зборник со трудови на 202 страници кои беа презентирани на македонски јазик.

 

More from КултураMore posts in Култура »