Press "Enter" to skip to content

Вечерва нова премиера, Соња Михајлова во улогата на Јулие Цезар

Народниот театар – Битола за вечерва ја закажа својата најнова премиера “Јулие Цезар“ од Вилијам Шекспир, а режисерот на претставата Златко Паковиќ, главната улога Јулие Цезар и ја довери на битолчанката Соња Михајлова. Преводот на Шекспировиот “Јулие Цезар“ го направи битолчанецот Драги Михајловски.

-Во годината во која длабоко навлеговме, во Народниот тетар Битола треба да режираат едни од најзначајните режисери на денешницата од регионот и пошироко. Не очекува возбудлива театарска година во која ќе се занимаваме со општествено или ако сакате дури и политички ангажиран театар, кој се надеваме дека ќе биде жив, полетен, потентен, бескомпромисен, рече директорот на НТБ Битола, Иван Јерчиќ.

Улогите, покрај Соња Михајлова, ќе настапат и Иван Јерчиќ, Петар Горко, Елена Моше, Борче Ѓаковски, Мартин Мирчевски, Маја Андоновска Илиевски, Валентина Грамосли, Илина Чоревска, Никола Пројчевски, Александар Стефановски, Христина Христова Николова, Викторија Степановска Јанкуловска, Сандра Грибовска…

Сценографијата е на Филип Јовановски, костимографијата на Благој Мицевски, музиката ја компонираше Оливер Јосифовски, а драматург Билјана Крајчевска. 

More from КултураMore posts in Култура »