Press "Enter" to skip to content

Во Битола јавна дебата за ревитализација на Музичката продукција во МРТ

Во малата сала на Центарот за култура денес се одржа третата јавна расправа за рестартирање и ревитализација на Музичката продукција на Македонската радио-телевизија, на неа учествуваа  советничката за култура на премиерот Зоран Заев, Цветанка Ласкова, и автори и стручњаци од оваа област кои се предлагачи на моделот за рестартирање на Музичката продукција на МРТ, меѓу кои се проф.Живоин Глишиќ, Кире Костов, Љупчо Мирковски, а беа покенети професори од Средното музичко училиште во Битола, кореографи и истакнати музичари и автори од повеќе ансамбли и културно-уметнички друштва и фестивали од Битоа и од овој Регион, претставници на приватните електронски медиуми и новинари.

-Музичката продукција на Македонската радио телевизија треба да се обнови бидејќи тоа е во функција на квалитетот на нашето културно наследство. Грижата и негувањето на домашното музичко творештво, развојот и одржливоста на нашата музичка продукција, како и вреднувањето на авторите и изведувачите е важен дел од културните политики на Владата, нагласи Ласкова.

-Идејата за повторно активирање и ревитализирање на музичката подукција на МРТ е прифатена без никакво двоумење. Таа претставува важен дел од музичката култура и дел од националните стратешки пристапи во зачувување, поттикнување и производство на нови музички содржини од домашни автори со различни музички жанрови, истакна Ласкова.

За МРТ, освен финансирање од буџетот, во програмата на Владата е овозможено финансирање на МРТ и од други средства меѓу кои и од приходи остварени со продажба на програма произведена во МРТ, а заживувањето на музичката продукција во МРТ може да биде вистински импулс во оваа насока, рече Ласкова.

More from КултураMore posts in Култура »