Press "Enter" to skip to content

Концерт на наградени ученици-таленти од Државното музичко училиште

Деновиве во малата сала на Домот на културата Државното музичко училиште од Битола организираше концерт на наградените ученици на државни и меѓународни натпревари во класата на пијано.

На концертот 27 млади талентирани пијанисти настапија пред публика со изведби подготвени под менторство на професорите: Ана Стефановска, Марија Шамова Буџаковска, Јана Четелева Белевска, Вера Поповска, Татјана Божиновска, Александра Јанковска, Цветанка Георгиева, Билјана Димовска, и Ана Попова Трајановска.Концертот беше вистински празник за очи и уши кога голем број на таленти и од основното и средното музичко училиште изведоа дела од познати композитори.

Сите учесници беа наградени со големи аплаузи но најповеќе внимание привлекоа најмладите учесници.

More from КултураMore posts in Култура »