Press "Enter" to skip to content

Кој сака детето да му глуми во филм на Милчо Манчевски – утре и недела на аудиција

Викендов во Центарот за култура, се организира отворена аудиција за деца, за новиот филм на Милчо Манчевски,  на неа можат да се појават деца од 4 до 14 годишна возраст.

Оваа е прва аудиција за филмските улоги кои треба да ги толкуваат деца.

Во процесот следуваат од 3 до 4 аудиции – за потенцијалните кандидати кои ќе влезат во потесен круг.

Децата-кандидати кои ќе бидат избрани за во потесен круг, ќе бидат контактирани во текот на училишниот распуст од страна на асистенката на режисерот Манчевски која ќе работи заедно со избраните деца.

Кандидатите ќе бидат фотографирани и интервјуирани пред видео камера. 

Аудицијата ќе се одржи на 19-ти и 20 ти мај, сабота и недела,  од 10 до 18.30 часот.

More from КултураMore posts in Култура »