Press "Enter" to skip to content

Со низа активности ќе бидат одбележани меѓународниот ден на музеите и европска ноќ во музеите

Националната установа Завод и музеј Битола ги одбележува со повеќе настани, работилници, организирани посети и изложби во текот на оваа и наредната седмица. Меѓународниот ден на музеите, 18ти мај и 19ти мај- Европска ноќ во музеите.

За ова одбележување на Меѓународниот ден на музеите и Европска ноќ во музеите е реализирано и ќе се реализира:

-Изложба на османско-турски печати од 19 и 20 век “Отпечатена историја” во Музеј на Неготино

-Работилници со деца со оштетен слух и говор и посета на дел од културното наследство во Преспа;

-Промоција на тактилна публикација” Мозаик Нартекс Хераклеа Линкестис- Магаза;

-Работилници со лица со оштетен вид ” Фреските од црква Св.Ѓорги с. Кубиново” Магаза 

-Работилница со слепи и слабовиди- ” Изработка на музејски копии “- Магаза;-Интерактивни работилници со деца со оштетен слух и говор во Магаза;

-Изложба “Традиционални костими од Битола и битолско” во Регионален музеј Шумен, Бугарија;19.05.2018 г.;

-Учество на Советување на Македонскиот Национален Комитет при Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) 16.05.2018 г.;

-Организирани посети со децата од градинката Естреја Овадија Мара
( Морковчиња, Јаболчиња и Палавковци) 18.05.2018 г.

Н.У. Завод и музеј Битола постојано посветува внимание на својата публика и доближувањето на културното наследство до секого. Оваа година најголем акцент е ставен на посетителите со попречености и на најмладите.

Активностите се поддржани од Министерство за култура на РМ во рамки на “Ние во музеј” и “Учиме за нас” и Балканска Музејска Мрежа и Културно наследство без граници ( CHwB BiH ) “Допирање на уметност”.

Темата за оваа година е “Хиперповрзани музеи: нови пристапи, нова публика”.

More from КултураMore posts in Култура »