Press "Enter" to skip to content

Вечерна глаголица – вечерен азбучен маратон во Библиотеката

Работилница, насловена како Вечерна глаголи чекор назад – напред низ историјата се одржа синоќа во Националната установа Универзитетска библиотека “Св.Климент Охридски“ – Битола.

За време на двочасовната вечерна работилница учениците се навратија на почетоците на словенската писменот и делото на Кирил и Методиј, преку подвижни и штафетни игри и предизвици, си играа со кирилицата и ја запознаа глаголицата.

Со фенерчиња, свеќички, пердуви и трски патуваа низ времето за да откријат брзи совети и правила од областа на калиграфијата (краснописот) и ја почувствуваа магијата на убавиот ракопис и потребата да внимаваат на негово усовршување преку креативно вежбање.

Модератор на работилницата беше Весела Богдановиќ.

More from КултураMore posts in Култура »