Press "Enter" to skip to content

Отворен “Малиот битолски Монмартр“- Гран при за малите уметници од Плзен, Чешка

Синоќа во старата битолска чаршија беше отворено 37. издание на меѓународната ликовна манифестација „Мал битолски Монмартр“ кое свечено го отвори градоначалничката на општина Битола м-р Наташа Перовска, а не изостана ни традиционалниот огномет.

На свеченото отворање беа доделени и наградите на учесниците, Гран при наградата ја добија учениците од основното уметничко училиште Плзен од истоимениот град во Чешка, како и посебната награда која патуза за Турција, а беа доделени дипломи на младите ликовни творци од светот.

Во своето обаќање творецот на „Монмартр“, Коста Хаџиантоновски и посака како и секогаш топло добредојде на сите учесници на ликовната колонија, а потоа беше отворена 36 Светска изложба.

На ова 37 издание на “Монмартр“ низ Битола и Охрид ќе творат околу стотина гости од 16 земји, Македонија, Полска, Русија, Тајланд, Романија, Кина… а во тука повторно е Кени кој сега е во Битола со својот помал брат.

Денес, а и вчера битолчани ги видоа малите уметници на Широк Сокак, во Старата битолска чаршија, и руги места кои тие сами ги одбраа, а во недела во Охрид.

Денес домаќините и учесниците го одбележуваат и патрониот празник на “Монмарт“, Св. Кирил и Методиј.

More from КултураMore posts in Култура »