Press "Enter" to skip to content

Промовирана книгата “Различни, а сепак исти“ на Бејсона и Ангела, ученички во Горната гимназија

Во малата сала на Центарот за култура во Битола се одржа промоцијата на книгата “Различни, а сепак исти“ на младите авторки, Бесјона Јусуфи и Ангела Пандовска, ученички во прва година во Гимназијата “Јосип Броз Тито“.

Се работи за двојазична книга напишана на македонски и албански јазик на која промотор, а воедно и рецензент беше професорката по Македонски јазик и литература, Соња Живковиќ-Ѓоргиевска.

-Со задоволство ја промовирав оваа, по многу нешта специфична книга на двете млади девојки кои сакаат да припаѓаат на модерното време, без предрасуди, во кои има многу позитивни чувства, посочувајќи дека оваа мала книга има тежина, така што читателот може да ја вкуси приказната за две девојчиња кои имаат различни карактери, но имаат нешто заедничко … љубовта. На двете ова им е втора, но овојпат заедничка книга, рече Соња Живковиќ-Ѓоргиевска.

Бесјона Јусуфи е родена 2002 година, минатата година ја објави својата книга со поезија и проза „Стиховите ме потсетуваат“ на албански јазик, а Ангела Пандовска, родена 2002 година минатата година ја објави својата книга „Животот на една девојка“ .

Ангела и Бесјона со ова дело, го кршат мразот на дискриминацијата, предрасудите, стереотипитете меѓу две нации и различни религии.
Ангела Пандовска запраша:- Што ако сме од друга религија? Дали имаме нешто помалку или повеќе? НЕ. Ние одговориме на сите ваши несакани прашања со НЕ, НЕ и НЕ!“. Потенцираше дека животот треба слободно да се живее, опуштен без никаков притисок.

-Промовирањето на книгата носи силни пораки за разликите меѓу луѓето и разбирањето меѓу нив, мултикултурниот дијалог и повеќејазичноста, ставајќи ги основните човечки вредности, како што се љубовта, вистината, лојалноста и така натаму, рече Бесјона Јусуфи на промоцијата.

Авторките се надеваат дека со оваа мала книга, ќе ги допрат ладните срца, ќе вбризгаат топла љубов, докажувајќи дека не е сè во она што некој го гледа само однадвор.

На крајот од промоцијата професорката Линдита Јусуфи, зборуваше за космополитизмот во Битола, без оглед на нацијата и религиозната различност. Таа понатаму истакна дека младите девојки не сакаат да бидат два гулаби во два кафези, тие сакаат слобода и широко, тивко небо.

Музичка придружба на промоцијата на виолината Ана Божиновскаа,а модераторот и преведувач, Сибела Алимовска.

More from КултураMore posts in Култура »