Театарската претстава, “ТРИ ПРАВИ, ТРИ ОПАЧНИ“, или “Седум осмини“, во којашто играат неповторливиот Никола Пројчевски и Јасмина Петровска, повторно се враќа на сцената на Интимен Театар, а претставата ќе се одигра утре во 20 часот.
Три прави, три опачни“, е сатиричен приказ на животот на обичниот, мал човек, којшто секојдневно се бори да преживее во ова наше општество, деформирано од либералниот капитализам.
Невидливиот човек што развива различни стратегии за преживување е главниот протагонист во нашата претстава.
Хаотичната политичка и општествена ситуација што не опкружува е коментирана од една иронична гледна точка, што дава дополнителен шарм и хумор на егзистенцијалните проблеми.
Пројчевски во самата претстава игра неколку ликови, што самостојно се справуваат со битката за опстанок, и самостојно се трудат да ги реализираат своите желби за подобро утре.
Во исто време овие ликови совршено се адаптираат кон суровата и нејасна реалност и стануваат комични и во исто време шармантни критичари на се она што се случува окулу нас.
“Три прави, три опачни“, на еден навидум лесен и хумористичен начин, дискутира и опфаќа горки прашања, што не мачат сите нас, и портретира обични луѓе што се трудат да егзистираат во хаосот, и што уопрно и по никаква цена, не се откажуваат од своите соништа.






