Press "Enter" to skip to content

Фото репортажа: 12 часовно уживање низ Пелистер, по врвови од Нижеполе до Вилата на Лазо

Денешниот последен ден од продолжениот викенд тројца љубителите на планината, членови на новоформираниот планинасрки клуб “Копанки“, го искористија за престој на Баба планина и освојување на нависокиот врв Пелистер, 2.601 метар.

Неколкумина битолчани денес рано наутро во 7 часот ја започнаа “експедицијата“ за освојување на највисоките врвови на Баба планина.

Откако од населбата “Стрежево“ над селото Ниже Поле преку Дебел Рид стигнаа до Големо Езеро, по краткиот одмот и неизбежното капење во ладните води се упатија кон врвот Пелистер.

Патот ги водеше преку Партизански врв, Мало Езеро, Широко Стапало се до Антената. Потоа следуваше “слегувањето“ до Инфо-центарот на националниот парк “Пелистер“ или кај на Лазо Вилата, а дотаму околу 19 часот стигнаа преку врвовите Илинден и Стив, па преку Камењарот, Видиковец, до Копански, а потоа до Бегова чешма (хотелот “Молика“), и до крајната денешна цел за тројцата битолски планари, Инфо центарот.

Нивното денешно планинарско патешестви кое долго ќе го паметат по убавото време и одличниот престој на планината ние ви го претставуваме низ повеќе од десетина фотографии кои тие ние ги избравме, од многуте кои тројцата ни ги испраќаа во текот на целиот ден, односно како ја “освојуваа“ планината, од час на час и уживаа по погледот кон Битола, Пелагонија, Преспа, во планинските цветови, водопади…

More from БитолаMore posts in Битола »