Press "Enter" to skip to content

Наградените солисти од Музичкото, одржаа концерт (фотогалерија)

Средното музичко училиште од Битола продолжува со традицијата, одржување на концерти на кои учениците се претставуваат пред битолската публика, презентирајќи го пред публиката своето стекнато знаење.
По матурските концерти на учениците во организација на Државното музичко училиште – Битола, синоќа се одржа концерт на наградени ученици од класите по соло пеење на проф. м-р Маја Митровска, проф. Марина Коруновска и проф.Магдалена Наумоска.

На концертот настапија ученици од I, II и III клас; Ангела Иваноска, Јована Котевска, Михаела Пееска, Елеонора Џоџоска, Вирџинија Милошевска, Елена Башеска, Ивона Огненовска, Наум Наумоски, Озген Сулејманоски и Јулијана Деспотовска.

-На одржаниот концет кој се одржа синоќа, сите ученици уште еднаш го покажаа својот квалитет и докажаа дека наградите кои учениците ги освоија на разните натпревари оваа учебна година се навистина во вистински раце. Ова се квалитетни солисти од кои и во иднина ние како професори, а и училиштето очекуваме уште награди, рече по завршувањето на концертот проф. Марина Коруновска, која додаде и дека оваа учебна година според наградите кои ги освои по сите предмети докажа дека битолското музичко училиште уште еднаш го потврди својот квалитет и традиција.
Пијано придружба на концертот беше проф. м-р Александра Јанковска.

More from КултураMore posts in Култура »