Press "Enter" to skip to content

Едукативниот центар за англиски јазик “Студиорум“ ги додели сертификатите на учениците (фотогалерија)

Во малата сала на Центарот за култура во Битола едукативниот центар за англиски јазик “Студиорум“ ги додели сетрификатите на учениците кои ги посетуваат курсевите за англиски јазик на која учествуваа сите ученици на специјализирана годишната приредба на која што учество зедоа најмладите ученици.

Завршната приредба на учениците од овој едукативен центар, кој е прв од ваков вид во нашиот град, кои сами изразиле желба да ја направат ја проследија родителите, блиските роднини и другарчињата, а таа претставуваше посебен настан за сите нив.

По изведбата на сите точки исполнети со песна и игри во кои учестуваа сите ученици на свечен начин им беа додени сетрификатите за завршените соодветни курсеви по англиски јазик од страна на професорката Марија Додовска.

Инаку “Студиорум“ – едукативен Центар е првото приватно училиште за Англиски јазик формирано во Битола во 1993 година од професор Славица Додовска и е докажан водечки образовен центар во градот за изучување на Англиски јазик.
Во овој едукативен центар англискиот јазик се изучува преку програма за деца од предшколска возраст, ученици од основно и средно образование, како и курсеви за возрасни.

“Студиорум“ оваа година слави 25 години од формирањето како прво приватно училиште во Битола, а на приредбата им се обрати и професорката Славица, која најави дека е време да се повлече од професионалниот ангажман со зборовите дека иднината останува на младите и дека со “Студиорим“ ќе раководи нејзината наследничка, ќерката Марија Додовска со порака да се дуплира успехот од досегашните 25 години.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »