Битола е единствен град во светот со Патека на славните посветена на кинематограферите, а попладнево на Широк Сокак откриени се ѕвезди на лауреатите на Златна камера 300, ѕвездите на Кристијан Бергер, Свен Никвист и Валтер Карваљо.
На „Патеката на славните“ лично својата ѕвезда ја откри Валтер Карваљо.
Својата ѕвезда ја откри и кинематограферот Кристијан Бергер.
Божиновски часовници и накит , кои стојат зад идејното решение, ги изработија ѕвездите од месинг со внимателно изгравирани имиња на лауреатите и вградени во мермерни плочи. Гранитните плочи, идентични со оние што го поплочуваат Широк Сокак, ги изработи компанијата Крин од Прилеп, а ги постави компанијата Македонски глас.
Фото: Дамијана Ристевска
[ngg src=”galleries” ids=”2126″ display=”basic_thumbnail” thumbnail_crop=”0″]











