Press "Enter" to skip to content

Годишна изложба на ДЛУБ, награди за Коста Хаџиантоновски и Симеон Силјановски (фотогалерија)

Вечерва во Магазата беше отворена годишната изложба на Друштвото на ликовните уметници на Битола – ДЛУБ и беа доделени двете престижни награди.

Изложбата на која учествуваат 15 битолски уметници и 4 гости за отворена ја прогласи претседателот на ДЛУБ, Драган Најденовски, кој рече дека му е посебно драго што еве се продолжува традицијата за оваа изложба која во минатото имала и други имиња, но секогаш излагале битолските уметници.

Наградата за животно дело оваа година му е доделена на Коста Хаџиантоновски, ликовниот уметник и педагог, основач на ликовната колонија “Малиот Монмартр“ кое го организира ликовното студио “Св. Кирил и Методиј“ кој исто така го основа Хаџиантоновски.

Наградата за животно дело на Коста Хаџиантоновски му ја врачи еден од пионерите на “Малиот битолски Монмартр“ Никола Главивче кој при доделувањето рече дека се радува дека токму тој му да доделува на Кочо оваа награда и дека се надева дека и „Малиот Монмартр“ ќе ја добие заслужената награда, да биде од национален карактер и се надева дека прашањето на децата дали и до година ќе ги покани, ќе се поставува уште многу години.

За прв пат ДЛУБ оваа година ја додели и наградата за годишни остварувања “Борислав Траиковски“ му беше доделена на академскиот сликар Симеон Силјановски. Наградата на Силјановску му ја додели претседателот на ДЛУБ, Драган Најденовски, а Силјановски нагласи дека благодарение на Најденовски се вратил во сликарството по паузата.

Посебна благодарница од ДЛУБ и беше доделена на телевизија “Тера“ за континуирани следење на сите манифастации на изложби на ДЛУБ, а благодарницата ја прими новинарката Неда Маретиќ.

Инаку, заради промената на името на оваа годишна изложба, која некогаш се викала и мајска, не се знае точно која е по ред, на овогодишната покрај наградените и претседателот учествуваат уште: Александар Поповски, Данчо Ордев, Елена Ѓорѓиевска, Златко Крстевски, Илија Кочовски, Лилјана Петровска, Љубица Мешкова – Солак, Марија Велевска – Анастасовска, Николче Српчански, Иливера Лазаревска – Оља, Панде Петровски, Сандра Котевска и Славица Михаилова.
Како гости на иложбата на ДЛУБ се Владимир Стерјовски, Златко Лечковски, Круме Димовски и Слободан Рајчевски.

По повод изложбата ДЛУБ издаде и прикладен каталог каде се сместени сите автори и нивните изложени дела.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from КултураMore posts in Култура »