Press "Enter" to skip to content

Викенд црна хроника: починато лице во пожар, нападнат полицаец и приведени за нападот

Вчера во селото Логоварди, Битолско се случи немил настан каде едно лице го загуби својот живот. Се работи за лицето Д.Г. на возраст од 52 години кој почина во својата куќа откако во 05,40 часот настанал пожар, при што за време на пожарот се наоѓал во куќата. Од пожарот куќата целосно изгорела, а од екипи на Противпожарна единица пожарот е изгаснат. Увид на местото на настанот се изврши во текот на вчерашниот ден.

Во саботата околу 10:10 часот на улица “Филип 2-ри Македонски“ (“Иван Милутиновиќ“) во Битола, додека неколку полициските службеници вршеле службено дејствие од областа на безбедноста во сообраќајот и преземале службено дејствие отстранување на товарно моторно возило кое било непрописно паркирано, З.А. (27) и С.А. (24), двајцата од село Баница, струмичко, застанале пред возилото и го спречувале отстранувањето на возилото. Двете лица започнале да ги омаловажуваат полициските службеници, при што С.А физички нападнала еден службеник на кој му е укажана лекарска помош во Клиничка болница Битола. Лицата се приведени во ПС Битола за понатамошна постапка

More from ВестиMore posts in Вести »