Press "Enter" to skip to content

На иницијатива на “Чкембарите“ протест и марш по Широк Сокак против промена на името (фото)

По иницијатива и по пораката упатена преку социјалните мрежи до битолчани од навивачката група “Чкембари“ вечерва во 19 часот се одржа мирен протест “ДОСТА ПАРТИЈА, СИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА“ и протестен марш по Широк Сокак.

На плоштадот “Магнолија“ протестот се отвори со македонската химна, а говорници беа Виктор Јосифовски, отец Стефан и преставникот на навивачката група Никола Лазаревски – Коки.

Сите говорници искажаа неприфаќање на новото име кое вчера беше соопштено и побараа прекинување на преговорите за името.

Преставникот на навивачката група “Чкембари“ по завршувањето на неговото обраќање ги повика сите присутни на протестот да му се приклучат на протестен марш од плоштадот “Магнолија“ до Офицерски дом.

More from ВестиMore posts in Вести »