Press "Enter" to skip to content

Пречистителна станица кај Дихово која ќе ги бери фекалните води од “Молика“ до поранешната живинарска фарма

Јавното комунално претпријатие „Нискоградба“ – Битола, со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање и локалната самоуправа почнува со реализација на комунални проекти во потпелистерјето со кои ќе се решава загаденоста на водите на Баба Планина, поаѓајќи од хотелот “Молика“ преку информативниот центар на НП “Пелистер“, детското летувалиште, селата Трново и Магарево, вилите под селата, хотелските и угостителските објекти кои се покрај патот се до поранешната живинарска фарма каде ќе биде сместена и пречистителната станица, односно колекторскиот систем.

-Со средства обезбедени од Министерството за заштита на животната средина и просторно планирање КЈП “Нискоградба“ започнува да реализита два покрупни комунални проекта, изградба на фекална канализација за селото Лавци и дел од колектор за прифаќање на фекалните води од Националниот парк „Пелистер“, почнувајќи од хотелот „Молика“, потоа Детско одморалиште „Пелистер“, селата Трново и Магарево, се до поранешната живинарска фарма каде е планирана изградба на пречистителна станица, вели Методија Силјановски, директор на КЈП “Нискоградба“ – Битола.

-Со овој зафат се потврдува дека ќе го решаваме проблемот со загаденоста на водите кој долго време е запоставуван, а со отпочнувањето на комуналните проекти во потпелистерјето јасно и недвосмислено се потврдува желбата за решавање на проблемот со загаденоста на водите кој необјасниво долги години е запоставуван, додава Силјановски.

More from ВестиMore posts in Вести »