По повов празникот Рамазан Бајрам во Битола главната утринска и бајрамска молитва се одржа денес рано на утро во Исхак Челеби џамијата, предводена од имамот Орхан Демири.

Од денес, по триесетдневниот рамазански пост, следува тридневен Рамазански Бајрам, кој се смета за голем празник во исламот.

Рамазан е еден од петте столба на исламот, покрај верата, молитвите, поклонението и давањето милостина.Месецот на Рамазан е време на пост, молитва, солидарност и милост, во кој муслиманските верници целодневно се воздржуваат од конзумирање храна, цигари, алкохол, но и од лоши мисли, идеи и дела. Постот почнува со изгрејсонце (суфур) и трае до зајдисонце (ифтар). Јадење и пиење се дозволени во текот на ноќта, а од пост се ослободени децата, бремените жени, доилките и болните.

Битолчани од муслиманска вероисповед на утринска-бајрамска молитва во Исхак Челеби џамијата (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
- СВР Битола: битолчанец возел со 1,62 промили алкохол во крвта, групна тепачка – двајца повредени
- Денес е Крстовден, Воздвижение на Чесниот крст
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 20 степени
- Украинско – македонска изложба на слики во галеријата “Ранко Струмениковски“ во Битола





