Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Започна изградбата на Меморијалниот центар – Еврејски гробишта

Деновиве во Еврејските гробишта во Битола се изведуваат подготвителните работи за отпочнување на изградбата на Меморијаниот центар “Еврејски гробишта“, а веќе на местото се донесени првите количини на материјали, песок, цемент и друго.

Според локацијата каде се изведуваат работите прво ќе се гради платформата која е проектирана да се изгради во комплексот и таа ќе биде централниот објект од каде и до каде ќе бидат трасирани патеките низ комплексот.

Инаку веќе две години се изведуваа подготвителните работ, чистење на гробиштата, поставување на патека покрај оградата и изработка на проектот за целиот комплекс меморијален центар “Еврејски гробишта“, во што учествуваа голем број на волонтери од Битола и странство.

More from ВестиMore posts in Вести »