Press "Enter" to skip to content

По потпишувањето на договорот, Мирко Ивановски – прв битолчанец во дресот на Хајдук од Сплит

Битолскиот фудбалски интетнационалец Мирко Ивановски, стави потпис на договорот со еден од клубовите на некогашната голема четворка на Југославија, сплитски Хајдук.

-Чувството е прекрасно. Пресреќен сум што ќе го носам овој дрес и едвај чекам да започнат натпреварите, стои во изјавата дадена за официјалната веб страна на сплитски Хајдук.

Мирко Ивановски покрај довербата на клубската управа треба да ја стекне довербата и на сплитската “Торцида“.