Press "Enter" to skip to content

Со проектот на “Свера“ децата ќе ја имаат улогата на возрасни на тема за животната средина (фото)

Проектот “Clean up Your Mess” кој се одржа во Битола од страна на Здружението за одржлив развој “СФЕРА Македонија“ е финансиран од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност од Македонија а е дел од “Еразмус +“ Програмата, а волонтери од 4 земји (Шпанија, Романија, Португалија и Турција) зедоа учество во овој проект.

Главната цел на проектот беше подобрување на знаењето на волонтерите и децата во основните училишта за проблемите со животната средина и како да се справат со нив. Во овој 8-месечен период кој започна во октомври 2017 година и заврши во јуни 2018 година волонтерите и децате имаа многу активности на отворено и во нивните класови. Главниот фокус на проектот беше од веќе искористените мтаријали (отпадоци) да се направи нов продукт.

За таа цел волонтерите планираа, собираа матријали/отпадоци по улиците на Битола и изготвуваа работилници заедно со децата од основното училиште Климент Охридски од Битола. На дел од овие рабтилници тие направија ѕидна градина каде што пластичните шишиња ги искористија за да направат саксии и засадија цвеќина, од пластичните ќеси направија јажина за скокање, од картонската амбалаза за јајца направија корпа за отпадоци која што исклучиво ќе се користи за хартија. Исто така направија и ограда за градината на ова училиште како и многу други корисни предмети за училиштето.

Децата имаа главна улога во проектот. Тие ги боеја и дизајнираа материјалите користејќи ја нивната креативност, помогнаа во градинарството и што е најважно нивната свест за прашањата поврзани со животната средина пораснаа на повисоко ниво.

Во секоја работилница волонтерите споделуваа “Еколошките факти” со нив. Децата беа навистина изненадени кога слушнаа како човекот си наштетува на самиот себе, на животните кои што живеат на оваа планета па и на растенијата со загадување на воздухот, загадување на водата итн. и почнаа да го менуваат својот животен стил за да создадат помалку отпад.

Сега, тие се повеќе свесни и научија како да ја заштитат и да не ја загадуваат животната средина. Тие станаа пример за нивните соученици и други деца. На долг рок тие ќе имаат улога на возрасни во општеството на тема за животната средина.

More from ВестиMore posts in Вести »