Press "Enter" to skip to content

Фото вест: започна да се “реди“ коцката на Булеварот од Ленски мост до Безистенот

Дуќанџиите кои имаа свои дуќани на Булеварот “1-ви Мај“ од потегот од Ленски мост до Безистенот со радост ја гледаат работата на екипите кои ги поставуваат гранитните коцки на улицата која се реконтруираше, по сите зафати кои беа преземени во изминатите неколку месеци.

Екипите започнаа со “редење“ на коцката најпрво кај дрвеното мовче со што се овозможи движење кон старата чаршија и пазарот, а се продолжува и кон Безистенот. Претходно се поставија и ивичниците и се поставија градитни плочки на тротоарот од страната на дуќаните.

More from ВестиMore posts in Вести »