Протестниот марш од спортската сала “Младост“ до плоштадот “Гоце Делечев“ продолжи со обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, а заврши со полагање на цвеќе на споменикот на Револуционерната борба. На протестот учествуваа илјадници граѓани од цела Македонија, членови на ВМРО-ДПМНЕ и симпатизери, а се одржа само неколку часови по потпишувањето на договорот за промена на името на државата во Грција.

Протестот го предводеше група која носеше погребен крст, а зад крстот свештеникот и други граѓани пееја и погребни песни и стихови од панихиди посветени на лицата кои учествуваа во договорот со Грција.

Присутните ги поздрави претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Битола, Иванчо Тошевски, кој и ги повика претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски да им се обрати на присутните

Откако потсети на деновите на формирањето на партијата ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на партијата, Христијан Мицкоски нагласи дека во тие денови кога се формира ВМРО-ДПМНЕ многу луѓе не веруваа во определбите на партијата, но многу современици веруваа во единствената идеја за суверена, независна и самостојна Република Македонија.

–Имало луѓе кои се организирале и бореле за единствената идеја. И покрај сите падови, кои не ги чинело само политички кариери, туку ги чинело многу поскапо, ги чинело нивните животи кои ги положиле со една цел и за една идеја, а таа идеја била Република Македонија – рече на почетокот на митингот Кристијан Мицковски.

За поводот за маршот, промена на името на Македонија, Мицковски рече:

-Македонија е зафатена од силен ураган со име и презиме Зоран Заев. Имаме Влада која го има епитетот капитулантска. Иако договорот велат дека е победнички, јас ќе кажам дека не само што нема победа, нема славење, напротив луѓето тагуваат и плачат, со солзи низ цела Македонија, а договорот е класичен пораз и капитулација. Во исто време овој ист човек ја лажеше јавноста дека нема да прифати промена на устав со цел промена на уставното име. На вакви луѓе дури и Барон Минхаузен може да им позавиди”, рече Мицкоски и додаде:

-Александров ќе рече Македонија во минатото даде великани, имиња кои ги изговараме со смирена благонаклоност и со стравопочит. Македонија и сега создава големи по душа и неповторливи маченици и херои, подготвени за самопожртвување, пред споменот или ликот на кои им симнуваме капа. И грешат оние кои сметаат, или, пак, намерно шират тези дека наводно ВМРО-ДПМНЕ поделува, создава граници, и подигнува ѕидови, ВМРО е токму спротивното, тоа е заедничкиот покрив на една иста куќа, во која сите ние живееме, чии темели се силни, далеку продрени во земјата, изградени со човечки судбини и животи на многу генерации, кои се обединиле, пред сè поради заедничкиот порив за слобода и своја држава.

-Јас Христијан Мицкоски, од срце ви кажувам и со здрав разум зборрувам, гледајќи во Македонците, во граѓаните на Република Македонија, достоинствено и исправено, никогаш, па макар и по цена на животот, нема да го поддржам ова капитулантско дело на Зоран Заев, порача претседателот Христијан Мицкоски, кој за ВМРО додаде:

-Нешто што трае толку долго, и што обединува толку многу луѓе, мора да е вербата во принципите и вредностите. Затоа што ВМРО-ДПМНЕ во својата структура и основа ја носи таа слободарска мисла, која е сонот на многумина пред нас, и наша обврска која мора да ја исполниме за генерациите по нас. ВМРО и Македонија се иста идеја која ги натерала на дело и Татарчев, Карев, Делчев, гемиџиите, илинденците и оние потоа, партизаните, кои се чувари на огнот и стремежот за своја држава. Подеднакво и ние денес ја имаме таа обврска. Им благодариме за тоа што го направија за да можеме ние денес да ја имаме оваа држава.

По завршувањето на обраќањето претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски со придружба на генералниот секретар Јанушев и претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Битола, Иванчо Тошевски положи свеќе на споменикот на Револуцијата.
Текст и фото: Сашо Ристевски






