Press "Enter" to skip to content

Градоначалничката на Битола во посета на битолското муфтиство каде им го честита Рамазан Бајрам

Традиционално по повод верскиот празник на битолчани од муслиманска вероисповед Рамазан Бајрам, општинска делегација предводена од градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска беше во битолското муфтиство, при што им го честита верскиот празник, а ја искористија приликата заедно со муфтијата Амид Расими да упатат и пораки кон граѓаните на Битола за соживот.

-По повод Фитер Бајрам односно Рамазан Бајрам битолското муфтиство го посети битолската градоначалничка Наташа Петровска која ни направи посебна чест бидејќи дојде да ни го честита овој празник кој е многу важен за нас. Овој празник има многу јасна и многу цврста порака со тоа што укажува дека ние како верници без разлика на која вера припаѓаме, посебно во овие денови кога сме на Рамазан Бајрам сакаме да испратиме порака до сите граѓани без разлика на вера и нација ние сме живееле заедно и ќе живееме заедно. Тоа го докажуваме и со традиционалната бајрамска баклава која ја делиме секој Бајрам пред битолското муфтиство, рече муфтијата Амид Расими.ж

-Во оваа прилика би сакала на сите припадници на муслиманската вероисповед да им го честитам празникот Рамазан Бајрам. Им посакувам многу здравје, љубов и во нивните семејства, но и во целокупното нивно опкружување. Ваквите празници всушност не потсетуваат дека соживотот и љубовта всушност помеѓу луѓето се најважни и дефинитивно сите вери се вери кои што учат на овие вредности, изјави градоначалничката на Битола Наташа Петровска.

More from ВестиMore posts in Вести »