Клиничка болница ги известува сите пациенти дека набави нов апарат за очното одделение за оптичка кохерентна томографија со ОСТ антиографија за испитување на задниот сегмент на окото, кој е набавен со сопствени средства.
Ова е најнов апарат, прв во јавното здравство во нашата земја и пошироко, а процедурата за лекување на пациентите со овој апарат ќе биде неинвазивна и краткотрајна.

Со набавката на овој апарат во очното одделение се отвора нов кабинет за компјутерска томографија во кој ќе раото обучен кадар по сите светски стандарди, а ќе стартува веќе во месец август.
Досега здравствена услуга од ваков тип пациентите можеа да имаат на очната клиника во Скопје каде чекаа повеќе од три месеци, а апаратот беше од постара генерација или пак услугата можеа да ја добијат во приватните клиники и прегледот беше доста скап.
Во клиничка болница во иднина ќе се опфаќаат пациенти од цела Македонија, но и пошироко, а нашите пациенти ќе се лекуваат со партиципација и закажувањето ќе биде преку апликацијата “мој термин“.






