Press "Enter" to skip to content

По 20-тина години пинпонгарите на Мултитекс, преку баражот, во Супер пинпонгарската лига

Мултитекс – Рисови 4:3

Викендов се одигра бараж натпреварот за пласман во Супер пинпонгарската лига за мажи, најквалитетното натпреварување во нашата земја, во кој екипата на Мултитекст ја победи екипата на Рисови од Скопје во еден интересен и крајно драматичен натпревар.

Искусните пингпонгари на Мултитекс, предводени од “ветераните“ на овој спорт од Битола, беа поприсебни и посмирени во одлучувачките моменти на натпреварот и стигнаа до победа со резултат од 4:3.

За екипа на Мултитекс настапија: Александар Нолевски, Томе Ангеловски и Благој Бошевски.

Инаку во поединечните пресметки со Рисови по една победа имаа Нолевски и парови (Нолевски и Бошевски), а две победи издвои Бошевски.

Вреди на се каже и тоа дека оваа ќе биде прва сезона по долгогодишна стагнација на пинг-понгот во нашиот град и над 20-тина години повторно ќе гледаме врвен пинг-понг во Битола, а од клубот се надеваат дека со овој успех ќе ги потикнат младите во нашиот град за што поголемо омасововувањ на пинг-понгот.

More from СпортMore posts in Спорт »