Press "Enter" to skip to content

Фото вест: се асфалтира излезот од Битола кон Прилеп, сообраќајот се пренасочува

Денес започна да се асфалтира излезот од Битола кон Прилеп, а поставувањето на асфалт започна од комплексот на “Ангромаркет“, поранешен “Лозар“.

Во оваа фаза од изградбата на влезот од страната на Прилеп подготвено за поставување на нов асфалт е од “Ангромаркет“ до фудбалското игралиште во Горно Оризари.

Додека денес се асфалтираше, а најверојатно и понатаму додека трае, сообраќајот се пренасочува. За излегување од Битола, полицијата пренасочува низ Горно Оризари, а за влез во Битола низ населбата “Ушици“.

More from ВестиMore posts in Вести »