Press "Enter" to skip to content

Уште двајца битолчани во нови фудбалски средини, Љамчевски во Силекс, Драгарски во Победа

По испаѓањето од најквалитетното фудбалско друштво на Пелистер фудбалерите во најголем дел се одлучија да останат да играат во Првата лига, но оваа сезона во други клубови.

Така битолчанецот Петар Љамчевски кој има 26 години минатата сезона ја мина во Пелистер, реши да се пресели во Силекс, кој според најавите подготвува силна екипа која наредната сезона се очекува повторно да биде во борба за врвот на табелата. Битолскиот напаѓач изминатата сезона не ги одигра сите натпревари во дресот на Пелистер, поради повредите, но сега се надева дека тоа ќе го постигне со кратовчани.

И неговиот врсник, 26-годишниот Христијан Драгарски кој игра одбрана, се одлуќи да го напушти Пелистер и од наредната сезона ќе го носи дресот на прилепска Победа, каде се најавува како големо засилување, а ќе биде промовиран в сабота на стартот на подготовките.

Двајцата фудбалери од Пелистер заминуваат без обврски односно клубовите каде ќе настапуваат не платија обештетување на Пелистер, а деновиве и други фудбалери кои најдоа нови клубови ќе соопштат каде заминуваат од под Тумбекафе.

Претходно во Силекс замина и Христијан Гроздановски.

More from СпортMore posts in Спорт »