Иако деновиве можевме да се изнаслушаме и пишуваме за тоа како се одвиваат преговорите со неколку ракометари на Пелистер со управата, во стилот заминуваат – остануваат, на профилот на РК Пелистер објавено е дека Пелистер ги продолжи договорите со Митревски, Димитровски и Чантурија.
Клубот е задоволен од игрите на бекот Митревски, пикерот Димитровски и крилото Чантурија и токму затоа реши да им понуди нови едногодишни договори, што беа прифатени од страна на играчите и се стави крај на шпекулациите дека го напуштаат матичниот Пелистер, стои во објавата на РК Пелистер.
Претходно од постоечкиот тим договорите ги продолжија крилото Никола Ивановски и пикерот Костадин Петров кој во моментов е со репрезентацијата на Македонија на Медитеранските Игри 2018.
Управата на РК Пелистер заедно со тренерот Томе Петрески продолжуваат со градење на респектабилен тим за новата натпреварувачка сезона пред стартот на летните подготовки.






