Press "Enter" to skip to content

“Децата од нашата улица – Ушици“ со еко-акција пример за возрасните од населбата и пошироко (фото)

Со акцијата чистење на паркчето децата им покажаа на возрасните како да треба да се однесуваме кон околината. Паркот во населбата “Ушици“ е вистинска мала оаза на зеленило со многу дрвја, цвеќиња, клупи, патеки, крлешки. Малиот парк како да има еден посебен шмек за сите кои живетат во околината и секој ужива во овие летни месеци. Преку ден баби и дедовци ги чуваат своите внуци, а во вечерните часови-попладне група мажи играат карти. Покасно доаѓаат тинејџери и се дружат до доцна во ноќта.

Групата деца од различни возрасти од 7-12 години најчесто се тука во паркот и ги знаат сите во паркчето, но понекогаш и некои возрасни ги бркаат заради некои ситни бељи што им ги прават со фудбалската топка, а тие им се лутат. Андреј-Штркот, Христијан-Кико, Виктор-Рамбо, Филип, Марко, Дамијана, Ања, Дарио, Андреа, Даниел, Јована, Дамјан, Нина, Елена, Лео, Даријан…, дружејќи се во паркчето ја продолжуваат трсдицијата, исто како и нивните татковци кои играле тука, цел ден играат различни игри.

Во еден таков ден кога веќе не знаеле која игра да ја играат кај едно од децата потекна идеја да го чистат паркот кој на некој начин го чувствуваат како свое катче каде го поминуваат најголемиот дел од денот. Ваквата иницијатива потекната прво како детска идеја од “досада“ прерасна во една сериозна работна акција во која децата се организирале и купиле пластични ракавици од блиската продавница, се снашле и со неколку метли и почнале да чистат на големо изнендување на возрасните.

Тука се вклучиле и двајца повозрасни Митко и Стевче кои почнале да им помагаат околу потешките работи, и им дале алати, метли и ќеси за губрето, а од сите кои видоа како децата работат и се грижат за своето паркче, добиле пофалби што им дало уште поголем поттик да работат.

Сигурно е дека и предавања од Екологија за чиста средина им оставиле трага на овие генерации на деца кои растат со едукација од таков вид. Во секој случај треба да бидеме горди на вакви деца кои скоро цел ден чистеа и паркот доби еден поинаков изглед.

Чичко, Ристо Паргов ги награди сите деца и ги почасти по едно сокче од продавницата на кое тие им се израдуваа како што знаат само децата да се радуваат на едноставни нешта.

Со оваа акција децата им покажаа на возрасните, кои играат карти, дека треба повеќе да се грижат за околината и да не ги бркаат повеќе, а малите жители од населбата “Ушици“ за грижата за малото паркче, како рекоа чекаат од ЈП “Комуналец“ нови крлешки и нови клупи низ паркот.

Ж. Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »